недела, 27 октомври 2024

Како вчера, така и денеска голема заплена на петарди во Тетово

Кај жена од Челопек и кај млад тетовец денеска во Тетово се пронајдени и одземени голема количина на петарди. 

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници на СВР Тетово денеска  околу 13.40 часот на градскиот плоштад во Тетово, ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1.686 парчиња пиротехнички средства, а десетина минути пред тоа, исто така, на плоштадот во Тетово, го привеле и 20-годишниот тетовец М.Б. со 885 парчиња пиротехника.

Во координација со јавен обвинител, како што велат од МВР,  по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

И вчера СВР Тетово соопшти за голема заплена на петарди и друга пиротехника.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ