недела, 27 октомври 2024

Кај штипјанец во возило и во канцеларија најдени дрога, пиштол и куршуми

Пиштол, над 90 куршуми и дрога се пронајдени кај штипјанец кој е лишен од слобода.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 19.15 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода М.С.(41) од Штип. При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол марка пјетро берета со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ