„При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, биле пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив беше пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседуваат со дозвола“, информираат од МВР.
Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно било утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.