вторник, 26 ноември 2024

Каевски: Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се истите што спроведуваа блокада на Собранието

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација. Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ. Над 80% се истите пратеници, изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание. Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата. Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата.

Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите. Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ. Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Се потврди. Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“, изјави Дарко Каевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ