понеделник, 18 ноември 2024

Каевски: ДПМНЕ и Мицкоски под заложништво на Левица се антизападно ориентирани

„Христијан  Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики. Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ.  Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија“, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Објавено на

часот

Сподели

„ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атланските интеграции на земјава. Сосема спротивно, правеше сè за ја блокира европската иднина на земјата.

Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, хистерично ширеа лаги за бугаризација и асимилација.

Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик.

Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција. Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија“, рече Каевски на прес-конференција.

Тој нагласи дека членството во ЕУ значи поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, пристап до пазар од 500 милиони жители и истакна дека СДСМ ќе направи сѐ за државата да оди напред, а граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ