недела, 27 октомври 2024
„Старата дама“ крои планови за зимскиот преоден рок

Јувентус мерка двајца фудбалери на M. јунајтед, сака да ги ангажира во пакет за само 30 милиони евра

Медиумите од Италија шпекулираат дека Јувентус ги мерка Џејдон Санчо и Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед, планот е двајцата да бидат ангажирани во пакет во јануари за само 30 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ имаат неколку играчи на кои Ерик тен Хаг не смета посериозно, а решение на проблемот може да понуди Јувентус.

Се шпекулира дека „старта дама“ ги мерка Џејдон Санчо и Дони ван де Бек, и сака да ги ангажира во пакет во зимскиот преоден рок.

Идејата е Холанѓанецот да пристигне на позајмица со опција фудбалерот од средниот ред да биде купен во целост по крајот на сезоната, додека пак Англичанецот уште во јануари да направи трансфер вреден околу 30 милиони евра.

Останува да се види дали ќе се реализира една ваква зделка, која нема да биде многу поволна за Манчестер јунајтед и ќе им врати мал дел од парите инвестирани во Дони ван де Бек и Џејдон Санчо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ