Јувентус со трофеј ја завршува сезоната, момците на Масимо Алегри триумфираа во денешното финале над Аталанта.
Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во четвртата минута кога Душан Влаховиќ погоди за водство од 1-0 кое остана до самиот крај.
Влаховиќ во второто полувреме даде уште еден гол, но му беше поништен поради милиметарски офсајд.
Аталанта до крајот се обидуваше да изедначи, но не успеа, на крајот Јувентус заслужено се радуваше на трофејот.