среда, 23 октомври 2024

Јуниорите убедливо го победија Кипар и како први одат во четвртфиналето

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со 102-61 го совлада Кипар и го освои првото место во групата на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Четврти меч и четврта победа за Македонија во групата Ц од првенството кое се одржува во нашиот главен град.

Македонските момчиња максимално сериозно влегоа во мечот во кој беа големи фаворити и остварија лесна победа од 41 поен разлика.

Прв стрелец беше Стојковиќ кој реализираше 20 поени, блиску до двоен ефект беа Луканоски и Ќириловски кои имаа идентичен учинок, по 17 поени и 9 скока.

Групната фаза утре ја затвораме со Украина, а паралелно го чекаме расплетот во групата „Д“ од каде ќе го добиеме ривалот во четвртфиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ