понеделник, 25 ноември 2024

Јокиќ и Денвер во финишот испуштија победа против Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота го победија Денвер со 119-116 благодарение на голем пресврт во последните минути од натпреварот, Никола Јокиќ промаши шут за тројка, за израмнување во последната секунда.

Објавено на

часот

Сподели

На нешто повеќе од три минути до крајот на мечот Денвер имаше водство од 10 поени разлика, беше 114-104, но до крајот на мечот постигнаа само два поени, а Минесота даде 15 и го доби мечот. Никола Јокиќ се обиде со тројка во последната секунда да го однесе натпреварот во продолжение, но промаши.

На Никола Јокиќ му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 13 асистенции и девет скока, поефикасен од него во Денвер беше Гордон кој даде 31 поен, имаше и 11 скокови. Најефикасен кај Минесота беше Едвардс со 29 поени.

Резултати:
Шарлот – Бостон 109 – 124
Кливленд – Орландо 120-109
Детроит – Њујорк 98-128
Атланта – Сакраменто 115-123
Бруклин – Чикаго 120-112
Торонто – ЛА Лејкерс 125-131
Њу Орлеанс – Индијана 125-118
Минесота – Денвер 119-116
Портланд – Оклахома 114-137

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ