среда, 27 ноември 2024

Јокиќ: Зошто да добијам казна? Нели и газдата на Феникс е навивач!? (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во еден момент од мечот се случи инцидент. Топката дојде до сопственикот на Феникс кој беше крај теренот, Јокиќ се обиде да му ја земе, тој не ја даваше, па Србинот го удри со лактот за што заработи техничка грешка.

Некои информации велат дека Јокиќ би можел да заработи и суспензија, Србинот се чуди на тоа затоа што сопственикот на Феникс седи крај теренот како и други навивачи, а кошаркарите се заштитени во такви ситуации.

„Судиите ми рекоа дека сум удрил навивач со лакт, но навивачот мене прв ме фати за рака. Мислев дека НБА лигата не штити од такви инциденти, очигледно е дека не сум бил во право“, рече Јокиќ за техничката грешка која ја доби.

„И тој е навивачи, не ли е? Седи крај теренот. Па, навивач е, нели? Ништо не ми значи кој е и што е. Тој е навивач, гледач и не смее да има влијание на играта со тоа што ќе ја задржува топката. Зошто јас би требало да бидам казнет?“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ