среда, 27 ноември 2024
НБА

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до трета победа над Феникс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Откако почна плејофот, Никола Јокиќ секоја партија ја игра на највисоко ниво, така беше и синоќа кога оствари трипл-дабл и беше најдобар на теренот.

Јокиќ постигна 29 поени, имаше 13 скокови и 12 асистенции, Браун даде 25 поени, а Мареј и Портер по 19. Најефикасен кај Феникс беше Букер со 28 поени, Дурент постигна 26 и имаше 11 скокови.

Филаделфија на свој терен во следниот натпревар може да го исфрли Бостон откако победи на гостински терен со 115-103 и дојде до водство од 3-2.

Ембид со 33 поени беше најдобар за Филаделфија, Максеј постигна 30. Во составот на Бостон најдобар беше Тејтум со 36 поени и 10 скокови, Браун постигна 24.

Резултати: Бостон – Филаделфија 103-115 (2-3), Денвер – Феникс 118-102 (3-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ