Главниот кошаркар на Денвер ќе плати 25.000 долари казна, но нема да добие и суспензија.
За време на четвртиот меч меѓу Феникс и Денвер, Јокиќ со лакт го оттурна сопственикот на сонцата, Мет Ишбија откако тој ја држеше топката која стигна до него.
По мечот Јокиќ рече: „Зошто да добијам суспензија? Тој седи кај навивачите, значи и тој е навивач. НБА треба да не штити од вакви ситуации, тој ја држеше топката“.
Се огласи и сопственикот на Феникс, кој сметаше дека Јокиќ не треба да биде суспендиран.
„Минатата ноќ видовме одлична победа за Санс, во серија која досега е фантастична. Тоа треба да биде една цела приказна. Суспензија или казна за кого било поради инцидентот кој се случи не би била правична. Го почитувам Јокиќ и не сакам да видам нешто такво. Возбуден сум за петтиот меч, напред Санс“, напиша Ишбија на твитер.