петок, 18 октомври 2024
НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до финале на западот, Бостон се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер одигра брилијантна партија во Феникс и на импресивен начин стигна до финалето во западната конференција. Триумфот беше најавен уште во првата четвртина која ја добија со 44-26, потоа само ја одржуваа и зголемуваа предноста за на крајот да слават со 125-100.

Никола Јокиќ беше најдобар на теренот со 32 поени, 12 асистенции и 10 скокови, Мареј постигна 26. Кај Феникс најдобар беше Пејн со 31 поен од кои седум тројки, Дурент постигна 23 поени.

Филаделфија не го искористи домашниот терен за да се пласира во источното финале, Бостон победи со 95-86 и се избори за мајсторка на негов терен.

Смарт беше најефикасен кај Бостон со 22 поени, Тејтум постигна 19, а Браун 17. Во составот на Филаделфија, најдобар беше Ембид со 26 поени и 10 скокови, 26 поени постигна и Максеј.

Резултати: Филаделфија – Бостон 86-95 (3-3), Феникс – Денвер 100-125 (2-4)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ