сабота, 19 октомври 2024

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман и да се испита присуство на алкохол кај возачите

Објавено на

часот

Сподели

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје“, информираа од ЈО.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата. 

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.

Фото: КТВ-Кавадарци

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ