сабота, 26 октомври 2024

Јапонски суд: Забраната за геј бракови е неуставна

Забраната на истополовите бракови во Јапонија е неуставна, пресуди јапонскиот висок суд во северниот регион Сапоро и повика на итна владина акција за да се реши недостатокот на законот што ги овозможува таквите заедници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија е единствената земја од Г7 без правна заштита на истополовите заедници. Јапонскиот закон за семејство кој ги ограничува истополовите бракови е „неуставен“ и „дискриминаторски“, рече високиот суд во Сапоро, но го отфрли барањето на тужителот за компензација од владата.

„Произлегува дека склучувањето на истополови бракови не предизвикува негативни последици“, рече судот.

Обвинителот рече дека „очекувал конзервативна пресуда, но на крајот таа ги надминала“ неговите очекувања. „Не можев да се воздржам, а да не заплачам“, рече тој.

Дебатата за тоа дали јапонските закони против истополовите бракови се неуставни ги подели пониските судови. Иако анкетите од 2023 година покажуваат дека околу 70 отсто од јавноста ги поддржува истополовите бракови, конзервативната Либерално-демократска партија на премиерот Фуми Кишида се противи.

„Обвинителите имаат намера да поднесат жалба до Врховниот суд за да се разјасни неуставноста на постоечкиот закон“, рече адвокатот Цунамори Фумијасу на прес-конференција.

„Владата ќе ги следи претстојните судски одлуки за ова прашање“, рече нејзиниот портпарол Јошимаса Хајаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ