четврток, 28 ноември 2024

Јапонија ѝ даде на Украина 235 милиони долари за поддршка на образованието и приватниот сектор

Јапонската влада ѝ обезбеди на Украина 235 милиони долари како дел од двата нови проекти на Светската банка за поддршка на образованието и приватниот сектор, соопшти денеска Министерството за финансии на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Државниот буџет на Украина доби 235 милиони американски долари како концесиско финансирање од јапонската влада во рамките на новите системски проекти на Светската банка – за одржливо, инклузивно и еколошки балансирано претприемништво (Подем) и за зголемување на пристапноста и одржливоста на образованието во услови на криза во Украина (Учење)“, се наведува во соопштението.

Забележано е дека во рамките на проектот Подем Украина добила заем од 130 милиони американски долари за поддршка на приватниот сектор и уште 105 милиони долари во рамките на проектот Учење за безбедно учење со присуство во училиштата, особено за уредување засолништа и купување училишни автобуси во 2024 година.

„Јапонската буџетска поддршка преку банкарски механизми заклучно со февруари 2022 година достигна околу шест милијарди американски долари“, изјави министерот за финансии Сергеј Марченко.

Освен тоа, до крајот на 2024 година, Украина очекува да добие дополнителни 120 милиони долари во рамките на проектот Подем и 95 милиони долари во рамките на проектот Учење.

На 27 ноември 2024 година Украина доби 4,8 милијарди долари од Светската банка во рамките на проектот Мир за поддршка на спроведувањето на реформите во социјалната и образовната сфера, во областа на здравството, земјоделството и проектите за реставрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ