сабота, 26 октомври 2024

Јапонија по 17 години ја напушта политиката на негативни каматни стапки

Јапонската централна банка ги крена денес каматните стапки за прв пат во 17 години и го заврши периодот на исклучително поттикнувачка монетарна политика. По дводневниот состанок Банката на Јапонија благо ги крена краткорочните каматни стапки, во распон од нула до 0,1 отсто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со првото зголемување на каматната стапка во 17 години јапонската банка последна во групата монетарни институции на водечките западни економии ја напушти политиката на негативни каматни стапки, која ја воведе за да го сопре падот на цените.

Банката зацрта стабилна инфлација од два отсто и се ближи кон таа цел. Според економистите, промената на насоката сигнализира почеток на нормализацијата на монетарната политика, иако таа во најдобар случај ќе биде спора, имајќи ги предвид неизвесните изгледи за инфлацијата.

Централните банки на останатите големи западни економии остро ги кренаа каматните стапки во последните две години за да ја зауздаат инфлацијата поттикната од пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и проблемите во ланецот на снабдување.

Крајно либералната монетарна политика на јапонската централна банка доведе до нагло паѓање на вредноста на јенот, што тешко ги погоди домаќинствата и поттикна бран барања да се сузбие инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ