сабота, 26 октомври 2024

Јамал стана најмлад стрелец на „Ел Класико“, Барса му нанесе тежок пораз на Реал (ВИДЕО)

Барселона ја доби дерби пресметката против Реал Мадрид, „каталонците“ со 0-4 славеа на „Бернабеу“ и се одлепија на +6 на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ќе нема убави спомени од првото „Ел Класико“, Реал Мадрид претрпе тежок пораз од Барселона пред своите навивачи.

„Кралевите“ не умееја да се снајдат со високата одбрана на „каталонците“, па често влегуваа во офсајд во првиот дел, токму поради ваква ситуација беше поништен и голот на Килијан Мбапе по половина час игра.

Во второто полувреме, Барселона тргна во своја офанзива и знаеше како да казни. Менди заспа при една акција и го остави Левандовски во регуларна позиција, напаѓачот не прости и од 16 метри прецизно биеше за 0-1.

Две минути подоцна, напаѓачот зголеми на 0-2, по нафрлената топка на Балде, мајсторски со глава го матираше Лунин.

Килијан Мбапе не искористи зицер за да го врати Реал Мадрид во игра, па на спротивната страна следуваше нова казна, Јамал биеше силно под пречката за 0-3 и стана најмладиот стрелец на „Ел Класико“.

Точка на натпреварот стави Рафиња, кој доби топка во фор и го лобуваше Лунин за 0-4 во 84. минута од мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ