недела, 20 октомври 2024
Реакција на градоначалникот на Карпош

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ се однесува како кокошка која ја брка петел па се мисли…

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски реагира на обвинувањата на негова сметка искажани од ВМРО-ДПМНЕ во врска со проектот кај Алумина, па вели дека „смешните соопштенија го потсетуваат на кокошката која ја бркал петелот“. 

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со смешните соопштенија околу проектот Алумина. Многу нѐ потсетуваат на кокошката која ја бркал петелот, а таа си викала: ‘Да застанам?! Или… Море ај да свртам уште некое крукче, да не помисли дека сум лесна женска’.

Вака Мицкоски и неговата арамиска дружина вртеа крукчиња и околу проектот Ист гејт. Вртеа, вртеа и застанаа тогаш кога го договорија пазарот. Јавноста да не се возбудува околу пресовите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ. И сега се пазарат и ќе гласаат за Алумина.

Изградбата на Ист гејт и објектот околу него е убав проект, но јас сум сигурен дека нашиот проект во Карпош е најубав. А Мицкоски се декларира дека работи за доброто на граѓаните. Јас знам дека и сега ќе гласа за доброто на граѓаните, ама во анкетната предигра малку да изработи и за себе. Нема потреба од нервоза, се познаваме добро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ