четврток, 24 октомври 2024

Јакимовски: Министрите од Владата на Мицкоски се однесуваат како одврзани кучиња

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчo Јакимовски најави дека општината ќе ја напушти Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) затоа што, како што рече на денешната прес конференција, „она што го прават министрите од Владата на премиерот Христијан Мицкоски е однесување како на одврзани кучиња“.

Објавено на

часот

Сподели

Јакимовски смета дека претседател на ЗЕЛС не треба да биде градоначалник од владеачкото мнозинство, а како пример за ова тврдење го посочи случајот со грдоначалникот на општина Струмица,Костадин Костадинов кој прв најави дека го напушта ЗЕЛС.

„Има ли позаинтересиран од градоначалникот во неговата општина да има чиста вода за пиење? Кој е овој однос на министерот за земјоделство? Наместо да му помогне на градоначалникот, гледајте што прави…Еве зошто претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата владеачка партија. За да ги штити интересите на локалната самоуправа. Тука нема висока политика. Со ова треба да ги запознаеме сите амбасади и како функционира оваа власт. Мене ме повика колегата Орце Ѓеорѓиевски да се сретнеме и да, сакам да се сретнеме. Малку доцни со желбата, но треба да се сретнеме“, кажа Јакимовски на прес-конференција.

„Или ќе го корегираат својот однос или нема зошто да бидеме дел од тие институции. Сѐ уште опстојуваат на тоа да не се усвојуваат програми. Не добиваме од тоа ако се караме. Владата мора да го промени односот кон општините кои се опозициски и кои се околу дваесетина“, додаде Јакимовски.

Причини за одлуката да се напушти ЗЕЛС има многу, рече Јакимовски. Тој тврди дека општината трпи големи притисоци од централната власт.

„ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа Влада. Не сум првпат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од Владата на Мицкоски. Што прават со мене тука? Министерот за транспорт вика јас не потпишувам планови додека сум министер и уште се фали дека со новиот закон му се зголемиле ингеренциите“, рече Јакимовски.

Тој се поажли и на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Министерот за внатрешни, гледате, ни пушта кривични на апсолутно чист предмет, а од друга страна, гледате дека се пуштаат бандити од затвор. А и првпат во 47 години се случи да не се гласаат програми, да не се гласа буџет, и тоа од оваа партија на власт. Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во Инспекторатот и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат. И мислат дека ние сето тоа треба да го трпиме. Министерот за локална самоуправа го гледа сето тоа и си молчи.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ