Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог на СДСМ на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година.
Дабовиќ-Анастасовска дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде завршила и постдипломски студии по граѓанско право, а подоцна и докторирала.