„Терорист со камион се приближи до подрачјето на мостот Аленби од Јордан, излезе од камионот и отвори оган врз израелските безбедносни сили кои дејствуваат на мостот“, соопшти израелската војска.
Во соопштението се додава дека безбедносните сили го елиминирале терористот, и дека тројца израелски цивили биле прогласени за мртви како резултат на нападот.
Ројтерс пренесува дека овој граничен премин е познат и како мостот на кралот Хусеин и се наоѓа на половина пат меѓу Аман, главниот град на Јордан и Ерусалим, северно од Мртвото Море.