Израелската војска соопшти дека еден Палестинец пукал во возилото од друго возило во минување.
Израелската служба за итна помош соопшти дека се ранети три лица, еден 35-годишен маж кој е во тешка, но стабилна состојба и две девојчиња на возраст од 9 и 14 години кои се здобиле со полесни повреди.
По напаѓачот била организирана потера.
Ова е најновото крвопролевање во циклусот на насилства во регионот.
Конфликтите меѓу Израел и Палестинците ескалираа на почетокот на минатата година кога израелската војска започна рации во палестинските области на Западниот Брег како одговор на серијата палестински напади врз Израелците.
Според податоците на АП, од почетокот на оваа година, повеќе од 150 Палестинци се убиени во израелски оган на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Во палестинските напади врз Израелците загинаа 16 лица, вклучувајќи ги и странците.
Палестинците веруваат дека нападите се природен одговор на 56-годишната окупација, брзото проширување на еврејските населби и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници.
Израел вели дека рациите се неопходни за да се уништат екстремистичките мрежи и да се спречат нови напади.
Израелската војска го освои Западниот Брег во војната во 1967 година, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа.
Палестинците се стремат да основаат независна држава на овие територии.