сабота, 26 октомври 2024

Израелскиот министер за надворешни работи го повика НАТО да ја исфрли Турција од алијансата

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го повика НАТО да ја исфрли Турција од алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во контекст на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканите за напад врз Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им наложи на дипломатите… итно да контактираат со сите членки на НАТО, повикувајќи на осуда од Турција и барајќи нејзино протерување од алијансата.“

Ердоган во неделата рече дека Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го стори во Либија и Нагорно-Карабах.

„Мора да бидеме многу силни за Израел во Палестина да не може да го прави тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе.

„Баш како што влеговме во Карабах и Либија, би можеле нешто слично да им направиме и ним“, рече Ердоган во говорот пренесуван на телевизија.

Турскиот претседател не прецизираше на каква интервенција мисли, а претставниците на неговата партија не одговорија на прашањата за деталите од неговата изјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ