сабота, 19 октомври 2024

Израелски министер: Мораме со сета сила да ја скршиме Газа. Без компромис, без договор

Објавено на

часот

Сподели

„За доброто на децата кои сè уште не се вратени, за убиените кои нема да се вратат, за спречување на повторување на ужасите од октомври – мораме да се вратиме и со сета сила да ја скршиме Газа, да го уништиме Хамас и да се вратиме во Појасот. Без компромиси, без договори, со максимална сила“, порача тој на социјалните мрежи.

Израел за прекинот на примирјето го обвини Хамас, наведувајќи дека не се придржувал до договорот, додека палестинската организација ја префрли одговорноста на Западот. Владиниот кабинет за медиуми во Газа, под контрола на Хамас, ги обвини Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница за продолжувањето на борбите во Газа.

Министерството соопшти дека САД и меѓународната заедница „ја сносат одговорноста за злосторствата на израелската окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Газа“. Во соопштението се додава дека Палестинците имаат право да се бранат со сите средства и да воспостават палестинска држава со Ерусалим како главен град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ