среда, 27 ноември 2024

Израелската војска влезе во Кан Јунис, извршен е напад врз седиштето на Хамас

Израелската војска (ИДФ) објави дека нејзината 98-ма дивизија влегла во Кан Јунис и почнала со операции во градот на југот на Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ соопшти дека е извршен комбиниран напад во Кан Јунис врз седиштето на палестинската милитантна група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ИДФ ја опколија куќата на највисокиот лидер на Хамас, Јахја Синвар во Појасот Газа.

„Вчера реков дека нашите сили можат да дојдат каде било во Појасот Газа. Денеска ја опколија куќата на Синвар. Неговата куќа можеби не е негова тврдина и тој може да избега, но прашање на време е кога ќе го фатиме“, рече Нетанјаху во видео обраќањето.

Јахја Синвар го води Хамас од 2017 година, откако се приклучи на милитантната група во раните 1980-ти. Израел верува дека тој го организирал нападот од 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ