сабота, 26 октомври 2024

Израелската војска: Убивме 90 вооружени напаѓачи во болницата Шифа во Газа

Израелската војска денеска соопшти дека убила околу 90 вооружени напаѓачи и уапсила 160 во нападот на болницата Ал Шифа во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шифа, најголемата болница во Појасот Газа пред војната, е една од ретките здравствени установи кои делумно работат на северот од територијата. Во неа се сместени и раселени цивили.

„Во изминатиот ден, силите елиминираа терористи и лоцираа оружје во болничката област и при тоа избегнаа да им наштетат на цивилите, пациентите, медицинските тимови и медицинската опрема“, соопшти војската.

Израелскиот напад врз болницата започна во раните утрински часови во понеделникот. Војската соопшти дека испратила специјални сили, поддржани од пешадија и тенкови, врз основа на разузнавачки информации дека болницата повторно ја користат вооружени лица.

Израел беше жестоко критикуван во ноември минатата година кога војниците првпат упаднаа во болницата Ал Шифа. Војниците таму откриле тунели за кои велат дека Хамас ги користел како командни и контролни центри.

Хамас и медицинскиот персонал негираат дека болницата била користена за воени цели или како засолниште за борците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ