среда, 27 ноември 2024

Израелската војска призна дека по грешка убила тројца заложници

Стотина граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив откако израелската војска призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Толпата носеше транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека сè уште се заложници на Хамас во Појасот Газа, пишува Гардијан.

Демонстрантите ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Нетанјаху смртта на тројцата заложници ја оцени како „неподнослива трагедија“ и додаде дека „цел Израел жали за загубата“.

Израелската војска објави во петокот дека нејзините војници по грешка убиле тројца заложници кои ги држел Хамас за време на борбите во северниот дел на Појасот Газа.

Портпаролот на армијата Даниел Хагари изјави дека израелските војници во Шејаја, предградие на Газа, по грешка идентификувале тројца израелски заложници како закана, отвориле оган врз нив и ги убиле.

Хагари рече дека војската сноси одговорност за „трагичниот инцидент“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ