четврток, 28 ноември 2024

Израелската армија: Убиен командант на либански Хезболах

Истакнатиот оперативец на Хезболах, Али Абд Али е убиен во напад на израелско беспилотно летало врз либанскиот град Базури, соопшти израелската армија (ИДФ).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ изјави дека Али бил „важен терорист во единицата на Јужниот фронт на терористичката организација Хезболах“ и дека бил вклучен во планирањето и извршувањето на бројни напади.

Во соопштението се наведува дека неговото убиство е „значаен удар за функционирањето на Јужниот фронт и терористичката организација Хезболах во регионот“.

Јужниот фронт е регионална единица на Хезболах одговорна за активностите на групата низ јужен Либан, што е еквивалент на регионална команда, пренесува Тајмс оф Израел.

Либанските медиуми претходно објавија дека во израелскиот напад врз Базури, во близина на крајбрежниот град Тир, едно лице е убиено, две се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ