среда, 27 ноември 2024

Израел: Уапсени се 200 членови на Хамас и Исламски џихад

Израелските власти соопштија дека оваа недела се уапсени 200 членови на Хамас и Исламски џихад и се однесени на сослушување кај надлежните израелски служби.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека некои од осомничените се криеле меѓу цивилното население и доброволно се предале, јавува Би-би-си.

Израел објави дека 700 палестински милитанти се уапсени од почетокот на воената операција и инвазијата на Појасот Газа со цел да се елиминира Хамас.

Сепак, оваа палестинска милитантна група ги обвинува Израелците дека убиваат претежно жени и деца, но Би-би-си не може да ги потврди овие наводи.

Израел нагласи дека презема чекори за да се избегнат цивилни жртви и го обвинува Хамас дека дејствува вооружено од густо населените области.

Израел ја започна својата воена одмазда откако борците на Хамас преминаа од Газа во јужен Израел.

Повеќе од 20.000 Палестинци оттогаш се убиени во Појасот Газа, а 53.000 лица се ранети, соопшти претходно Министерството за здравство на Хамас.

Во најновото соопштение објавено во саботата, се наведува дека само претходниот ден загинале уште 201 лице, а 368 биле ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ