недела, 27 октомври 2024

Израел со предупредување до четири европски земји да не ја признаваат Палестина

Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат на признавање на палестинската држава е „награда за тероризам“ што ќе ги намали изгледите за договорно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со Појасот Газа долго време владее Хамас, кој не сака мир со Израел и го нападна на 7 октомври, предизвикувајќи разорна војна во Појасот Газа што поттикна насилство и на Западниот Брег, каде Израел има големи еврејски населби.

„Признавањето на палестинската држава по масакрот на 7 октомври испраќа порака до Хамас и другите палестински терористички организации дека на крволочните терористички напади против Израелците ќе биде одговорено со политички гестови кон Палестинците“, објави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на Икс.

„Решавање на конфликтот ќе биде можно само преку директни преговори меѓу двете страни. Секој ангажман за признавање на палестинската држава само го уназадува постигнувањето решение и ја зголемува регионалната нестабилност“, додаде тој. Тој не кажа какво решение има на ум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ