Се вели дека предградието на Дамаск, Саједа Зејнаб е упориште на борците на Хезболах во Сирија и било цел на претходни израелски напади, според Ројтерс.
Ова предградие минатиот пат беше цел на напад минатата саботата, а во израелски напад на станбена зграда во Саједа Зејнаб на почетокот на ноември загинаа седум лица.
🚨#BREAKING: Israeli airstrikes target the vicinity of Sayyidah Zaynab in Damascus, Syria in a targeted attack. pic.twitter.com/WAW2pMJ0Gt
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 10, 2024
Израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер минатата недела тајно ја посети Русија со цел да постигне прекин на огнот во Либан, објави денеска израелското армиско радио.
Соработката со Русија во дипломатски аранжман за прекин на борбите меѓу Израел и Хезболах може да биде важен дел од договорот за да се спречи повторното вооружување на групата поддржана од Иран, се вели во соопштението.
Израел со години врши напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ги засили таквите напади од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година.