вторник, 22 октомври 2024
По изборот на Венко Филипче

Изборите за лидер на СДСМ беа демократски и кредбилни, вели Аврамовска Мадиќ

Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера, изјави претстедателката на партиската комисија која ги спроведе изборите Викторија Аврамовса Мадиќ нагласувајќи дека бил пристигнат само еден приговор. На изборите најмногу гласови доби Венко Филипче и тој е избран за шести претседател на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Уште вчера, во текот на денот, Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51, кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На седуммина им е прифатено барањето, а 44 се одбиени затоа што по проверката во системот се констатираше дека тие не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација. Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот.

Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. Заради дополнителна транспарентност имаа можност да гласаат сите контролори еден ден пред изборите“, рече Аврамовска Мадиќ на прес-конференција во СДСМ.

Таа нагласи дека Венко Филипче е избран за претседател на СДСМ и објасни:

„Претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно правилникот и Статутот на СДСМ, оној кандидат којшто освоил над 50% од гласовите на излезените членови е избран за претседател“.

Филипче, како што беше претходно соопштено, добил 9.052 гласови од вкупно излезените 12.200 гласачи од запишаните 23.373 членови на СДСМ за гласањето.

Кандидатот Јован Деспотовски доби 2.705, а Александар Бајдевски 905. Неважечки се 159. Славјанка Петровска, иако се повлече од изборната трка, остана на избирачкото ливче и доби 190 гласа.

Филипче по објавувањето на резултатите изјави дека попусто имаше надежи дека СДСМ ќе ја видат клекната и поразена.

„Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а на оние кои се надеваат на лоша иднина им порачувам – длабоко ќе се разочараат. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција, ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе бидеме коректив во општеството. СДСМ бил и ќе биде гласот на разумот, секогаш кога граѓанската волја ќе биде погазена, или се прават штети на држвата“, рече Филипче.

Јован Деспотовси изјави деа не може да се зборува за избран претседател на партија кога 10 илјади членови не гласале, а за избраниот претседател гласале само 9 илјади гласачи.,

„Им благодарам на сите кои гласаа, но им благодарам и на оние кои излегоа, а не им беше дозволено да гласаат, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија, не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори“, рече Деспотовски кој синоќа најави дека денеска ќе поднесе приговор.

Бајдевски изјави дека останува да ги промовира вредностите пред членството кои ги промовирал во кампањата и оцени дека ќе беше подобро пред изборите да се одржи Конгрес.

Славјанка Петровска, која ја имаше повлечено кандидатурата и бараше нејзиното име да не стои на гласачките ливчиња, испрати порака: „Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија“!

„Се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020-та година наваму“, реагира Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ