„Што се однесува до мојата Македонија… агонијата продолжува. Секогаш се истакнувавме кога бевме оценувани по објективни, транспарентни и демократски критериуми. Сепак, секогаш губевме кога бевме изложени на ирационалниот етнички балкански шовинизам и рамнодушноста на европските метрополи. Најискрено им посакувам на Украинците брза европска интеграција. Ја заслужија! Тие се изборија и се борат за нивниот идентитет, култура и државност. Но, и на најцрните душмани не им посакувам македонски евроинтеграции. Нашата европска приказна стана бескрајна ноќна мора пред многу години без речиси никаков крај. Сепак, Македонија ќе стане членка на Европската Унија, но нема да ги заборавиме неправдите. Се надевам и посакувам Европа да си ја најде сопствената душа во Украина… онаа која одамна си ја загуби во Македонија (и на Балканот)“, напиша Боцевски на социјалните мрежи.
Ивица Боцевски: Украина и Молдавија со преговори со ЕУ, Македонија во агонија
Честитки за Украина и Молдавија! Значи, очигледно е можно да се отворат пристапните преговори дури и ако не се постигне едногласност. Неопходната состојка се нарекува политичка волја и да останете верни на вашите вредности, во случајов европските вредности, ја коментира амбасадорот Ивица Боцевски, одлуката на ЕУ за старт на преговорите со Украина и Молдавија.
Објавено на
часот