вторник, 22 октомври 2024

Иван Костиќ: Ајкос илума ќе овозможи забрзана транзиција кон иднина без чад

Објавено на

часот

Сподели

Како IQOS ILUMA се разликува од останатите производи во вашето портфолио, во пошироката категорија на алтернативи без чад на пазарот?

– За сите наши производи за загревање тутун заедничко е тоа што не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи. Најзначајната разлика кај уредите е тоа што користи нова технологија на индукциско загревање. Благодарение на оваа напредна технологија, новата генерација уреди за загревање не содржат грејни сечила, поради што нема остатоци од тутун, а со тоа нема потреба од чистење, што овозможува севкупно подобро, почисто и попријатно корисничко искуство. Што се однесува до дизајнот, IQOS ILUMA уредите се развиени со големо внимание на деталите, како и целосно ново портфолио на додатоци кои овозможуваат и следно ниво на персонализација.

Зошто IQOS ILUMA претставува чекор напред кон иднината без чад?

– Ова е револуционерен производ кој обезбедува следно, целосно ново ниво на корисничко искуство, а оваа голема промена немаше да се случи ако немавме комуникација со корисниците. Новата генерација решава три најголеми предизвици на корисниците: чистењето, непријатните мириси и полнењето. Батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење и новата технологија на индукциско загревање целосно ја елиминира потребата за чистење.

Овие иновативни уреди се достапни во Македонија со три различни модели – IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA, и IQOS ILUMA ONE, сите базирани на технологијата на индукциско загревање. Уредите нудат различни дизајни за да им овозможат на корисниците да изберат што најмногу одговара на нивните потреби и преференци.

Проширувањето на палетата производи им нуди на корисниците подобрување на уредите и решенија поддржани од науката, кои го користат напредокот во технологијата. За да успееме во нашата мисија – иднина без чад, важно е и возрасните корисници да добиваат проверени и сигурни информации. Поради тоа, ги координираме напорите при комуникација со нашите корисници и деловни партнери, да споделуваме секогаш потврдени и научно засновани факти, на транспарентен начин.

и

Каков напредок остварува компанијата во својата мисија за иднина без чад на локално и глобално ниво?

– Во Македонија веќе има одлична база на полнолетни корисници на нашите уреди и тоа е најголемо признание за нас, кое потврдува дека нашите активности придонесуваат полнолетните пушачи да донесат информирана одлука и да изберат подобра алтернатива. На глобално ниво, повеќе од 27,4 милиони возрасни пушачи се корисници на IQOS, од кои над 19,7 милиони целосно преминале на алтернативи без чад. Поради тоа, веруваме дека сме на добар пат, вклучувајќи го и лансирањето на новиот IQOS ILUMA на македонскиот пазар.

Кои се плановите на компанијата Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп во Македонија во следните неколку години?

– Веруваме дека со новиот додаток во нашето портфолио имаме клучен производ и со него ќе имаме база за раст во наредните години. Но, сакаме да бидеме сигурни дека ќе растеме и вертикално и хоризонтално, нудејќи им на возрасните пушачи на пазарот и на нашите корисници повеќе и разновидни алтернативи. Нашиот фокус и понатаму останува Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп да продолжи да биде еден од најдобрите работодавачи во Македонија – компанија препознаена како едно од најдобрите места за работа и професионален развој во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ