сабота, 26 октомври 2024

Италијанската премиерка Мелони оди на суд поради „дипфејк“ порно

Италијанскиот суд бара од премиерката на Италија Џорџа Мелони да сведочи во граѓанска парница против мажи вмешани во правење лажни порнографски снимки со нејзиниот лик со помош на вештачка интелигенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие објавија на интернет дека сведочењето на премиерката Мелони ќе биде во јули.

Лажните снимки се направени во 2020, пред нејзиниот мандат, а премиерката бара отштета од 73-годишен татко и 40-годишен син поради лажните порнографски снимки, кои се поставени на американска порнографска интернет-страница, а прегледани се неколку милиони пати, се наведува во обвинението а пренесува Политико.

Од Мелони е побарано да сведочи на судењето на 2 јули во местото Сасарија на Сардинија и бара „симболична“ сума од 100.000 евра отштета, која вети дека ќе ја донира на фонд за поддршка на жените кои се жртви на насилство во семејството, кажа нејзиниот адвокат.

Тој додаде дека целта на тужбата е да се „испрати порака на жените кои се жртви на овој вид злоупотреба да не се плашат да поднесат тужба“.

Ваквите снимки и фотографии се дигитално преработени за лицето на една личност да се стави на друго тело.

Технологијата, позната како „дипфејк“, станува сè почеста, што предизвикува загриженост поради нејзината улога во политичките дезинформации и сексуалното вознемирување на интернет.

Италија би требало да предложи закони за регулирање на вештачката интелигенција подоцна месецов, по законот за АИ на Европската Унија, кој Европскиот парламент го објави минатата недела.

Лажните порнографски снимки не се нелегални во Европа според новиот правилник на ЕУ за вештачката интелигенција, но креаторите на таквите содржини мораат јасно да означат дека станува збор за „дипфејк“.

ЕУ бара и од високотехнолошките платформи, вклучувајќи ги Фејсбук, Тикток и Икс, да ја идентификуваат содржината генерирана со вештачка интелигенција во согласност со законот за дигитални услуги, кој подразбира контрола на содржината.

„Дипфејк“ содржината не е проблем само во Италија, а неодамна десетици холандски политичарки, пратенички, членки на кралското семејство и славни личности почнаа да се појавуваат во вакви снимки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ