сабота, 19 октомври 2024

Истрага и притвор за двајца дилери од Струга и Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија“, соооптија од ОЈО Струга..

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, пак, поведе истражна постапка против 34-годишен тетовец за истото кривично дело.

„Во подрумот на зграда во населбата Чешел држел вкупно 30 пакувања наркотична дрога марихуана со различна грамажа и со вкупна нето маса од 20,32 грама“, информираше ОЈО Тетово.

За двајцата осомничени до надлежните судови се поднесени предлози за определување мерка притвор, кои се прифатени и на лицата им се определени бараните притворски мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ