сабота, 19 октомври 2024

Исправете се, за да ја кренете нацијата

Објавено на

часот

Сподели

Кире Лазаров пред три години знаеше како треба со Полјаците, ќе знае ли и вечерва?

Европското првенство во Србија ни докажа дека имаме селекција за во врвот, дека сме рамо до рамо со големите, дека можеме да сметаме на добра иднина. На крајот на краиштата, воините од Ниш и од Белград ни покажаа како се бранат боите на татковината, па со каков и резултат да се вратат – тие се нашите херои.

Вчера направивме математика како е теоретски можно Македонија да стаса до полуфиналето, но дури и да не е така, ракометната селекција ќе биде подобра од СП во Хрватска, од каде што се врати 11-та во светот. За да биде многу подобра од тоа и за да постави стандард за наредното големо натпреварување, Кире Лазаров и другите денеска треба да ја пребродат кризата, да се исправат (психолошки) и да – триумфираат. Полска и така има комплекс од нас.

„Постојано велиме дека сме тука за Македонија, затоа не смееме да „паднеме“ со Полска. На ова ЕП ништо не се знае, сè е наопаку, полудено. Можеби ќе имаме уште два меча до крај, можеби уште повеќе. Само да ни се врати среќата. Нема предавање, одиме до крај“, вели капитенот Лазаров.

Во право беше Лазаров кога по дуелот рече дека стравува од психолошкиот шок по поразот од Данска. Но, со своето искуство, тој има сили да го крене тимот. Неговите колеги се разочарани, но како што се ближи почетокот на мечот, забораваат на минатите 48 часа.

„Едвај заздравуваме. Но мора да најдеме начин да се вратиме. Никако не смееме да се предадеме. Шанси за висок пласман постојат, мора да ги искористиме“, додава Наумче Мојсовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ