Нападите со дронови врз Москва предизвикаа нервоза кај некои западни влади.
Украина ризикува да ги загуби клучните сојузници како Велика Британија и Полска поради политичките и воените потези на претседателот Володимир Зеленски, напиша Хамиш де Бретон-Гордон колумнистот на Телеграф, пренесува РИА Новости.
„Последните неколку недели беа турбулентни за украинската влада“, рече колумнистот.
„Ситуацијата за Украина се покажа доста тешка, бидејќи контраофанзивата на нивните сили не успеа. Тие не успеаја ниту да ја пробијат руската одбрана“, истакна Бретон-Гордон.
Последните испади на Зеленски не му се допаднаа на Западот. Тој го покажа своето незадоволство од поддршката на Велика Британија и Полска за Украина, а нападите со дронови врз Москва ги направија нервозни некои западни влади.
„Киев си игра со оган. Колку и да се изнервирани, тие ризикуваат да ги загубат своите сојузници“, резимира Бретон-Гордон.