вторник, 26 ноември 2024

Иран покани четворица европски амбасадори на разговори

Министерството за надворешни работи на Иран денеска ги покани на разговор шефовите на британската, француската, германската и холандската амбасада, пренесува иранската новинска агенција Мизан, откако тие земји го обвинија Иран дека испраќа балистички ракети во Русија и најавија воведување нови санкции.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги употреби во својата војна против Украина во рок од неколку недели.

Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија и Франција исто така најавија нови санкции кон Техеран, вклучително и мерки против Иран ер.

По изјавата на Блинкен, Кремљ соопшти дека обвинувањата се неосновани, додека Иран изјавата ја нарече „лажна и погрешна“ и ги осуди новите санкции, кои вклучуваат и раскинување на билатералните договори за воздушни услуги со три европски земји.

„По продолжувањето на неконструктивните изјави на некои европски партии кои ги поддржуваат САД, кои лажно зборуваат за мешање во конфликтот во Украина и за воведување санкции кон Исламската Република, шефовите на амбасадите на Велика Британија, Франција, Холандија и Германија беа поканети на разговори во Техеран“, објави агенцијата Мизан.

Највисокиот ирански дипломат во Лондон беше поканет на интервју од британското Министерство за надворешни работи во средата. Иранскиот амбасадор во Холандија беше повикан од тамошното Министерство за надворешни работи, кое побара „нови, силни санкции од Европската унија“ против Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ