Иран претходно објави дека израелскиот напад во саботата предизвикал само ограничена штета, додека американскиот претседател Џо Бајден повика на прекин на ескалацијата што ги зголеми стравувањата од сеопшт конфликт на Блискиот Исток, потсетува Ројтерс.
Говорејќи на телевизиска прес-конференција, Багаи рече: „(Иран) ќе ги искористи сите расположливи средства за да му даде дефинитивен и ефективен одговор на ционистичкиот режим (Израел).“
Природата на иранскиот одговор зависи од природата на израелскиот напад, додаде Багаи, без да наведе детали, како што пренесува британската агенција.