понеделник, 25 ноември 2024

Интер ја победи Венеција и дојде на бод до Наполи (ВИДЕО)

Интер со гол на Лаутаро Мартинез во второто полувреме ја победи Венеција со 1-0, гостите изедначија во 98. минута, но радоста им ја скрати ВАР со чија помош беше поништен голот.

Објавено на

часот

Сподели

Интер потешко од очекувањата ги освои бодовите против Венеција.

Нероазурите создадоа доволно шанси, но само еднаш постигнаа регуларен гол. Во 65. минута Лаутаро Мартинез реализираше за 1-0.

Претходно гол даде и Мхитарјан, но му беше поништен поради офсајд.

Во 98. минута Шверко постигна гол за Венеција по што почна голема радоста кај фудбалерите на овој тим, но погодокот беше поништен со ВАР. Топката падна врз раката на Шверко која беше потпрена на рамото на Бисек. Поради игра со рака беше поништен голот.

Со денешните три бода Интер се доближи на само бод до Наполи кој загуби од Аталанта во ова коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ