четврток, 7 ноември 2024

Интер го доби дербито со Арсенал, Барселона лесно се справи со Црвена звезда

Интер со гол на Чалханоглу од пенал го победи Арсенал со 1-0, Барселона со 5-2 ја совлада Црвена звезда во Белград, Атлетико Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај ПСЖ.

Објавено на

часот

Сподели

Интер и Арсенал одиграа борбен натпревар кој го добија нероазурите со минимални 1-0.

Погодокот беше постигнат од пенал во судиското продолжение од првото полувреме. Најстрогата казна беше досудена поради игра со рака, а ја реализираше Чалханоглу.

Барселона и даде пет гола на Црвена звезда на Маракана, но српскиот шампион може да биде задоволен со двата погодоци што ги постигна. Каталонците се сепак преселен тим.

Левадновски даде два гола, по еднаш погодија Мартинез, Рафиња и Лопез. Стрелци за Црвена звезда беа Силас и Милсон.

ПСЖ поведе против Атлетико Мадрид со гол на Заире Емери, но шпанскиот тим ги сврте работите во своја полза.

Во првото полувреме Молина го изедначи резултатот, а во 93. минута Кореа даде гол за победа на Атлетико.

Баерн Минхен со гол на Мусиала со минимални 1-0 ја совлада Бенфика.

Аталанта со голови на Лукман и Заниоло славеше гостинска победа кај Штутгарт од 2-0.

Брест со 2-1 ја победи Спарта во Прага, а гостински триумф забележа и Салцбург кој го совлада Феенорд со 3-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ