петок, 1 ноември 2024

Иницијатива на Лимак, 14 македонски студентки на глобален состанок во Истанбул

Речиси 250 студентки по технички науки, од кои 14 од Северна Македонија, беа дел од првиот заеднички состанок што се одржа во Истанбул во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), која ја спроведува Групацијата Лимак. Покрај од земјава, на заедничкиот состанок беа присутни и студентки од различни градови од Турција, Косово и Саудиска Арабија, а целта на состанокот беше вмрежување, споделување искуства и запознавање со инспиративни примери на успешни професионалци и инженери.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата Global Engineer Girls (GEG) има за цел да ги унапреди едукацијата и вработувањето на жените во СТЕМ-областа (наука, технологија, инженерство и математика), каде тие сѐ уште се помалку застапени. Оваа иницијатива ја спроведува Групацијата Лимак, предводена од Ебру Оздемир, претседателка на Управниот одбор.

Во рамки на програмата на глобалната средба се одржаа бројни панел-сесии на кои во улога на говорници учествуваа и Чаглар Ертугрул, познат актер и инженер, Феријал Озел, професорка по астрофизика, Гамзе Сарачоглу, модна дизајнерка, Тамер Атабарут, угледен академик и експерт за одржливост, Бану Китиш Дагистан, експерт за комуникации и писателка, како и активистката, писателка и претприемач Шудуфхаѕо Мусида, претседателката на Асоцијацијата на жени во технологија Зехра Онеј и претседателот на Агенцијата 4129 Алемшах Озтурк.

Средбата заврши со работилници и поединечни состаноци, како и изведба на џез пејачката Селен Бејтекин и светски познатиот оперски пејач и основач на Филхармонискиот оркестар Лимак Мурат Карахан.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а потоа се прошири и во Северна Македонија, Косово и Саудиска Арабија. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ-областа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ