Киев планирал да употреби миниран дрон за да нападне брод на морнарицата на Руската Федерација кој е закотвен во пристаниште на полуостровот Крим.
Меѓутоа, Маск не ѝм дозволил на украинските сили да пристапат до Старлинк бидејќи, како што претходно изјавил, не дозволува да се користи мрежата за офанзивни дејства. Поради ова Украина се откажа од нападот врз споменатиот брод.
Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Жалузњи, наводно сакал да стапи во контакт со началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, за да му каже дека Маск не може да диктира што може и што не може да прави украинската војска.
Жалузњи рече дека е загрижувачки фактот што Маск оневозможил неколку планирани напади. Маск сѐ уште не ги коментирал овие тврдења.
Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, за британски Телеграф изјави дека војната во Украина е навлезена во критична фаза и дека на украинските сили ѝм е потребна оперативна и технолошка независност.
Одлуката на Маск беше критикувана од високиот претставник за надворешни работи на Европскиот совет, Улрике Франке и астронаутот на НАСА, Скот Кели.
Откако Русија ја нападна Украина на крајот на февруари 2022 година, Маск му дозволи на Киев да ја користи Старлинк за да не зависи од нејзината инфраструктура, која Москва почна да ја уништува. Меѓутоа, Маск изјави дека Старлинк се користи исклучиво за одбрана и не ја смени таа позиција.