Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.
„Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија кои гласавте во татковината Македонија, сакам да се заблагодарам на секој еден од Вас за оствареното право на глас и поддршката што ја дадовте. Македонија повторно горда! Победата е историска“, стои во објавата на Ѓурѓај.
Тој е меѓу повеќето Македонци од Албанија кои правото на глас на вчерашните двојни избори во остварија во матичната земја и кој непосредно ја честиташе победа.