сабота, 19 октомври 2024

Или сѐ или ништо, запленетите акции на Мијалков ќе може да се купат во пакет од почетни 268 илјади евра

Објавено на

часот

Сподели

Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „сѐ или ништо“.

Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска банка Битола, „Попова кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот, објави Радио слободна Европа (РСЕ).

Вупната почетна вредност на сите акции засега изнесува 268 илјади евра.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството, а казната беше три години затвор и одземање имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 стана и парцелата до хотелот Мериот во строгиот центар на Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ