вторник, 22 октомври 2024

Игор Филков стапи на должноста министер за правда

Игор Филков од Движењето ЗНАМ претпладнево ја презеде функцијата министер за правда. За настанот е издадено само соопштение од Министерството за правда.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на министерството се вели:

„Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и владеење на правото.

Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на Законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Совет на јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст наЗападен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото“.

Инаку, не е наведено дали досегашниот министер за правда Кренар Лога, од партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села, беше присутен и дали му честитал на Филков, односно дали е одржано примопредавање на фунцијата можеби со заедничко кафе и размена на мислења.

Кренар Лога синоќа, преку Фејсбук, постави прашање дали сега „тврдокорните“ ќе протестираат пред Собранието за враќање на името Македонија.

Нормално дека не, тврдокорните се сега во Владата“, напиша Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ