сабота, 26 октомври 2024

И преку Меџитлија се километарски колоните возила кои доаѓаат од Грција

Крајот на продолжениот викенд очекувано предзвика огромни колони возила кои се враќаат од Грција, но не само преку Богородица кај Гевгелија, туку и на Меџитлија, кај Битола.

Фото: Битолањуз

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува Битолањуз.mk, километарски се колоните возила за влез во Македонија на граничниот премин Меџитлија.

„На граничниот премин Меџитлија се чека по неколку часа, а се влегува во две колони кои се протегаат од граничниот премин па до еден километар на автопатот Лерин – Битола од грчката страна“, објави Битолањуз.

На граничниот премин Богородица очекувано, колоните се и подолги, а се влегува во неколку ленти. Oвој продолжен викенд долги се чекањата и на граничниот премин Дојран.

Како што објави МКД.мк, од попладнево големи колони возила имаше на граничниот премин Ќафасан, каде доминираа македонски туристи кои се враќаа од Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ