петок, 18 октомври 2024

И Портата им пречи на Грците

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот министер за надворешни работи подготвува официјална протестна нота до македонската влада, жалејќи се поради споменикот „Порта Македонија“, кој неодамна беше отворен во центарот на Скопје.

Според протестната нота, која веројатно в понеделник ќе му биде предадена на македонскиот министер за надворешни работи, грчката страна тврди дека приказите на споменикот содржат јасен знак на иредентизам и се спротивни на секоја форма на добрососедски односи.

Поконкретно, протестната нота се концентрира на иконите што го прикажуваат присилниот егзодус на Македонците од егејскиот дел на Македонија за време на Грчката граѓанска војна, како и на приказите на античкомакедонската фаланга. Грција тврди дека егзодусот не е историски документиран настан и дека секоја поврзаност на модерната со античката Македонија е обид да се присвојува грчката историја.

Според „Катимерини“, грчките жалби добиле поддршка и од Македонија, каде што Осман Кадриу, експерт за меѓународно право, тврдел дека одредени прикази на новиот споменик се спротивни на македонскиот Устав зашто содржат јасни знаци на иредентизам.

Ј.П.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ